сабота, 17 јануари 2026

Ѕвездите од Премиер лигата трагичари на Египет, Нигерија е „бронзена“ на АКН

Мохамед Салах и Омар Мармуш се трагичари за Египет, бидејќи не реализираа пенали во рулетот против Нигерија (2-4) во борбата за бронза на Африканскиот Куп на нации.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

По голема борба и натпревар без погодоци и со два поништени гола за Нигеријците, победникот во малото финале во Казабланка се побара во пенал рулетот.

Иако се очекуваше повеќе од најголемите египетски ѕвезди од Премиер лигата, тие потфрлија. Салах прв промаши пенал, а по него веднаш тргна и Мармуш. До крајот таа разлика се покажа како клучна и Нигерија стигна до победата.

Во финалето на Африканскиот куп на нации ќе се судрат домаќинот Мароко и Сенегал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ