Боксерските фанови и пред овој меч велеа дека се освен нокаут во првата рунда би било намерно одолговлекување на дуелот со цел да трае повеќе.
Прогнозите се остварија, Џошуа го нокаутираше Џејк Пол дури во шестата рунда, а дотогаш имаше и свирежи од публиката за она што се случуваше во рингот.
Џејк Пол ги избегнуваше ударите на двократниот светски шампион кој како намерно да го одолговлекуваше завршниот удар и крајот.
Конечно тоа се случи во шестата рунда кога Џошуа нападна и лесно го нокаутираше Џејк Пол.
„Крајната цел беше да го приковам Џејк Пол и да го повредам. Потребно беше малку подолго од очекуваното, но десната рака конечно си го најде патот“, рече Џошуа по мечот.
Најголем дел од коментарите за мечот беа негативни, фановите сметаат дека дуелот намерно се одолговлекуваше до шестата рунда со цел да трае подолго.
The moment Anthony Joshua knocked Jake Paul out! #JakeJoshua pic.twitter.com/TiP0ovbpzf
— Netflix (@netflix) December 20, 2025






