Во првата деценија од 21. столетие, Англија, според имињата, имаше исклучително силна репрезентација во која, покрај Џерард, играа Бекам, Сколс, Фердинанд, Лампард, Тери, Овен итн. И покрај звучниот состав, таа Англија никогаш не стигна подалеку од четвртфиналето на големите натпреварување и постојано беше разочарување за љубителите на фудбалот во земјата. Џерард ги лоцира причините кои доведоа до низата неуспеси.
„Сите бевме егоистични губитници. Гледам сега телевизија и во исто студио се Карагер и Сколс, како да се најдобри пријатели во животот. Можеби сега сме доволно зрели и затоа сме поблиски, но кога игравме за Англија, не можевме да се поднесеме и не можевме да направиме колектив. На многу собири на репрезентацијата не ни разговаравме, а опкружувањето беше такво што ниеден селектор не успеа да не обедини. Јас уживав да играм за Англија, но атмосферата во репрезентацијата беше ужасна, а ги мразев собирите затоа што морав по цел ден да седам в соба, немаше социјални мрежи, немаше ДВД, едноставно немав што да правам и депресивно седев сам“, открива Џерард.
И тој и водителот Фердинанд признаа дека и самите тие не можеле да се поднесат пред 15-20 години, најмногу поради тоа што едниот играше за Ливерпул, а другиот за Манчестер Јунајтед.






