Од денеска Гатузо е нов селектор на Италија, а официјалната презентација е закажана за во четврток, 19 јуни.
„Гатузо е симбол на италијанскиот фудбал. Синиот дрес е како втора негова кожа. Неговата мотивација, неговиот професионализам и искуство ќе бидат фундаментални за да се соочи со следниот предизвик на националниот тим“, вели претседателот на Фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина.
„Свесни за значењето на целта која сакаме да ја оствариме, сакам да му заблагодарам за неговата достапност и комплетна посветеност со која го прифати овој предизвик“.
Гатузо на клупата на Италија ќе дебитира во септемви, на 5 играат против Естонија, а три дена подоцна ќе се сретнат со Израел.
Bentornato 𝑮𝒆𝒏𝒏𝒂𝒓𝒐 𝑮𝒂𝒕𝒕𝒖𝒔𝒐
CT della Nazionale 🇮🇹💙🔥➡️ https://t.co/YljUd5ExkB#Nazionale #Azzurri #VivoAzzurro pic.twitter.com/FE3QMmsnla
— Nazionale Italiana ⭐️⭐️⭐️⭐️ (@Azzurri) June 15, 2025
Фото: EPA