Џеко се врати во Шалке и од трибините ја следеше победата на неговиот тим над Карслуе од 1-0. На германскиот тим не му е сеедно што го загуби „дијамантот“ за клучниот дел од сезоната.
На шест кола до крајот во Втората Бундеслига, Шалке е прв со 55 бода, но Падерборн има само еден помалку, а нивниот следен противни, тимот на Елверсберг е во три бода негатива. Траката е изедначена.
Џеко откри дека ќе игра на Светското првенство, тоа не е доведено во прашање, а се надева дека ќе фати и некое коло од клупската сезона.
„Искрено, не знам колку долго ќе бидам надвор од теренот. Не сакам да гледам многу напред и да кажам: две, три, четири или шест недели. Ќе видиме како ќе ми биде со рамото“, вели Џеко.
„Не сакам да кажам дека нема повторно да играм оваа сезона, но не сакам да кажам и дека ќе бидам подготвен за две недели. Но, не би ми било првпат да играм со болки, овојпат тоа нема да биде проблем. Лекарската дијагноза вели дека ќе се вратам на теренот за месец дена“.






