петок, 2 јануари 2026

Двоен освојувач на ПМФЛ е ново засилување за Арсими

Новајлијата во Првата македонска фудбалска лига Арсими го промовира првото зимско засилување.

Фото: KF Arsimi/Facebook

Објавено на

часот

Сподели

Нов член на тимот од Чергане е Хоган Укпа. 24-годишниот играч од средниот ред доаѓа во редовите на Арсими по една полусезона без клуб. Укпа замина од Струга чиј член беше од 2022 до 2025 година.

Со стружани нигерискиот играч за врска освои два трофеи во ПМФЛ, па се очекува да биде големо засилување за Арсими.

Во минатото Хоган Укпа настапуваше за Г12 од родната Нигерија, а од 2020 до 2022 беше дел од летонска Лиепаја. Тогаш Струга го доведе во своите редови, па во ПМФЛ собра 82 настапи на кои даде седум гола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ