четврток, 2 април 2026

Двајцата екс-репрезентативци на Македонија од Славен Белупо се повредија

Поранешните македонски репрезентативци во редовите на Славен Белупо се соочуваат со проблеми.

Фото: NK Slaven Belupo

Објавено на

часот

Сподели

Ако за Леонард Жута беше јасно дека сезоната е готова откако ги скина лигаментите во коленото, сега на листата повредени се приклучи и Илија Несторовски. Тоа го откри тренерот на хрватскиот тим.

„Леонард Жута следната седмица оди на операција и го нема до крајот на сезоната. За Илија Несторовски, се надевам дека ќе успее да одигра уште нешто до крајот на сезоната. Сега сигурно ќе паузира три-четири седмици“, изјави тренерот Марио Грегурина.

Несторовски според најавите ќе паузира речиси еден месец, па би се вратил на терените пред крајот на сезоната.

Досега на 21 настап во Првата лига на Хрватска оваа сезона Нестор даде шест гола за Славен Белупо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ