Во изборот се најдоа двајца Данци и еден Хрват и тоа: Матијас Гидсел, Емил Нилсен и Иван Мартиновиќ.
Гидсел брка историја, бидејќи ако го добие признанието (главен фаворит е) ќе стане прв ракометар кој трипати во низа бил најдобар на светот во изборот на ИХФ. Исто така, може да стане и само трет ракометар кој добил трето вакво призние по големите Микел Хансен и Никола Карабатиќ.
Нилсен има можност да биде втор дански голма или вкупно шести низ историјата, додека Мартиновиќ може да стане трет Хрват најдобар на светот по Ивано Балиќ и Домагој Дувњак.
Во изборот за најдобриот гласаат навивачите, селекторите и експертите на ИХФ.






