сабота, 17 јануари 2026

Два меча суспензија на ЕП за вардарецот Јанковски

Ракометарот на Вардар кој е репрезентативец на Полска, Виктор Јанковски доби два меча суспензија поради директен црвен картон на мечот против Унгарија во првото коло од Европското првенство.

Објавено на

часот

Сподели

Во 34. минута од вчерашниот натпревар, Јанковски доби црвен картон поради остар старт врз унгарски ракометар.

Прекршокот бил оценет како крајно невнимателен и опасен, а поради тоа Јанковски е суспендиран со два меча. Тој ќе ги пропушти следните два дуели на Полска на Европското првенство.

Полска со убедливи 21-29 го загуби мечот од Унгарија, во следното коло игра клучен меч против Исланд, тоа ќе биде директен дуел за пласман во следната фаза со оглед на тоа што во последното коло ќе влезат како огромен фаворит против Италија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ