Ерлинг Халанд обожава да игра против Јунајтед, напаѓачот денеска постигна два гола и се изедначи со Агуеро и Руни (со по 8 погодоци) како најдобри стрелци во дербито на Манчестер.
Фоден го отвори резултатот во 18. минута, Англичанецот со глава ја затресе мрежата на „ѓаволите“.
Потоа во второто полувреме на сцена стапи Ерлинг Халанд, кој во 53. минута зголеми на 2-0.
Во 68. минута, домаќините тргнаа во контра, Норвежанецот се најде осамен пред голманот и рутински реализираше за 3-0.






