петок, 11 јули 2025

Дури 16 играчи на Салернитана завршиле во болница по мечот со Сампдорија

Салернитана доживеа вистински шок по поразот од Сампдорија (2-0) во првиот меч од плеј-аутот за опстанок во Серија Б не само спортски, туку и здравствено.

Објавено на

часот

Сподели

Италијанските медиуми јавуваат дека дури 14 членови на екипата и стручниот штаб при враќањето од Џенова добиле симптоми на труење со храна, по што веднаш била побарана итна медицинска интервенција.

Повеќето од нив завршија во болниците „Руџи“ во Салерно и „Санта Марија дела Сперанца“ во Батипаља. Според локалниот портал Tuttosalernitana.com, сите биле примени на ургентен прием, а подоцна биле пријавени уште два нови случаи.

Се сомнева дека труењето потекнува од оброкот кој бил послужен по натпреварот, а останатите од храната веќе се дадени на лабораториска анализа. Целиот случај е пријавен и во полицијата во Џенова, која треба да спроведе официјална истрага.

Во меѓувреме, клубот од Салерно сериозно размислува да побара одложување на реваншот против Сампдорија, кој е закажан за петок (20 јуни) во 20:30 часот на стадионот „Ареки“. Според Gianlucadimarzio.com, можно е терминот да се помести барем за еден ден.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ