петок, 26 декември 2025

Дуплантис е најдобар спортист во Европа

Полската агенција ПАП, го избра Арманд Дуплантис за најдобар спортист во Европа за 2025 година.

Фото: The Olympic Games/X

Објавено на

часот

Сподели

Дуплантис победи убедливо со 184 поени, имаше дури 41 повеќе од Карлос Алкараз и 50 повеќе од словенечкиот велосипедист Тадеј Погачар.

Покрај ПАП, во изборот беа вклучени и уште 22 европски агенции и дури девет му дадоа максимални поени на Дуплантис, додека за четири беше второпласиран.

Ќе потсетиме, Дупланнтис оваа година на СП во Токио постави нов светски рекорд во скок со стап прескокнувајќи шест метри и 30 сантиметри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ