сабота, 6 декември 2025

Дуа Липа, духови и победа на Бока на „Суперкласико“ (ФОТО и ВИДЕО)

Бока Јуниор со 2-0 ја доби пресметката против Ривер Плата на „Суперкласико“, Зебаљос и Мигел Мерентиел беа херои на домаќините и донесоа огромна радост на полната „Ла Бомбонера“.

Објавено на

часот

Сподели

Во едно од најголемите фудбалски дерби натпревари во светот, Бока Јуниор вечерва триумфираше со 2-0 над лутиот ривал Ривер Плата.

Возбудувањата се случија на крајот од првиот дел, и на почетокот од второто полувреме.

Херој беше Зебаљос, кој погоди за 1-0 во 45+1 минута, а потоа му асистираше на Мигел Мерентиел за 2-0 во 47. минута.

Популарното „Суперкласико“ беше одбележано од присуството на Дуа Липа, која во дрес на Аргентина го следеше натпреварот од ложата.

Исто така, во финишот од мечот се појавија „духови “на трибините, домашните навивачи на овој начин сакаа да го исмеваат Ривер Плата за испаѓањето во втора лига во 2011 година.

ФОТО: X/Boca Juniors

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ