Иран одлучи да ја бојкотира ждрепката откако САД одбиле да издадат визи за неколкумина членови на нивната делегација.
„Ја информиравме ФИФА дека донесените одлуки не се поврзани со спортот и дека членови на иранската делегација нема да учествуваат на ждрепката на Светското првенство“, објави портпаролот на Иранската фудбалска федерација.
Според локалните медиуми, меѓу оние кои не добиле виза е и претседателот на Иранската фудбалска федерација, Мехди Тај, како и извршниот директор на репрезентацијата Мехди Карати.
Иранската новинска агенција „Тасним“ во октомври објави дека Американците одбиле визи на вкупно седум ирански функционери.






