Откако го загуби мечот во двојки, Зверев со рекетот почна да удира по столот на судијата каде што тој се уште седеше. Германецот го скрши ректот од судискиот стол.
Зверев беше избркан од турнирот, каде се уште беше во игра во сингл конкуренција.
АТП имаше милост кон славниот тенисер кој може да биде среќен како помина.
Зверев доби условна осумнеделна суспензија која ќе се активира ако направи сличен инцидент во наредните 12 месеци. Тој доби и парична казна од 25.000 долари.
Претходно Зверев беше казнет со 40.000 долари за неспортско однесување, а не му беа дадени и 31.000 долари кои ги заработи на турнирот, остана и без АТП поените од тој турнир.
Многумина сметаат дека Зверев требаше да добие вистинска суспензија, инцидентот беше голем и досега невиден на тениските турнири.






