Александар Вучиќ вели дека за никој друг негов гостин немало повеќе интерес во претседателскиот кабинет, сите вработени сакале да го видат Новак Ѓоковиќ.
„Никогаш не се случило толку луѓе да бидат во оваа зграда. Сите готвачи и служители дојдоа, сите дами посебно се дотераа, новинари во така голем број никогаш не сум видел за десет години власт, стојат во три-четири реда. Сето тоа укажува дека дошол некој посебен. Тоа зборува колку голема ѕвезда сте, што претставувате за граѓаните на Србија, за нашиот народ и дека чесно, храбро и на најдобар можен начин ја претставувате земјата“, изјави Вучиќ.
„Се слушнавме уште првиот ден кога отиде во Австралија, му реков „Ајде Новаче, враќај се назад, што ќе правиш таму, ние во Србија те чекаме. Но видов колку е упорен, колку сака да игра и да се бори на спортски план, не само за себе, туку и за својата земја и да покаже дека е подобар од другите“.
Пред Австралија опен, Ѓоковиќ, Надал и Федерер имаа по 20 грен слем титули, сега Шпанецот изби напред со 21 трофеј.
Во финалето го совлада Медведев кој доколку победеше ќе го бутнеше Новак Ѓоковиќ од првото место на АТП листата.
„Никој не знаеше за кој да навива во финалето, можеби повеќе навивавме за Медведев, но се радуваме што и понатаму сте први на листата. Новак ќе ги победи сите на Ролан Гарос и на Вимблдон и на УС Опен“.
Новак Ѓоковиќ му се заблагодари на Александар Вучиќ за поддршката за време неговиот непријатен престој во Австралија.
„Посакав да се видам со вас бидејќи како граѓанин на Србија чувствував голема потреба да се заблагодарам на поддршката за време на немилите настани во Австралија. Како претседател на Србија немавте обврска да ми ја пружите таа поддршка, но чувствувам огромна благодарност што застанавте зад мене. Се ставивте во компромитирана позиција и јас ќе го паметам тоа“, му се обрати Ѓоковиќ на Вучиќ.
„Иако бев во притвор соочен со голем број на предизвици, не се чувствував осамено. Ја чувствував поддршката од фамилијата, од целиот српски народ, многу добронамерни луѓе од регионот и целиот свет кои се јавуваа и се обидуваа на некој начин да ми го олеснат престојот во Австралија“.
Александар Вучиќ му вети на Ѓоковиќ дека Србија ќе продолжи да инвестира во тенисот, да создава услови за нови српски тенисери кои ќе достигнуваат големи светски височини.
View this post on Instagram






