понеделник, 22 декември 2025

Волкановски со доминантна партија против Зомби го одбрани појасот во УФЦ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Волкановски од борба во борба станува сè подобар и подобар. Овојпат го доминираше Зомби од почетокот на борбата па се додека не го финишираше со технички нокаут.
 
Шампионот импресионираше со неговата прецизност во оваа борба, Зомби особено беше разнишан во финишот од третата рунда кога само сирената за крај го спаси од нокаут.
 
Но, Волкановски тоа што го почна во третата рунда го заврши во четвртата кога со серија од прецизни удари повторно го разниша Зомби. Судијата одлучи дека Кореанецот не може повеќе да продолжи.
 
Волкановски полека станува еден од најдоминантните борци во УФЦ, во моментов се чини дека нема сериозна конкуренција во неговата категорија. 
 
 
Пред борбата на Волкановски, појас одбрани и Алџамејан Стерлинг кој со судиска одлука го победи Петр Јан. Судиската одлука предизвика многу коментари, спорна беше првата рунда која можеби му припадна на Јан, а не на Стерлинг како што решија двајца од тројцата судии.
 
Во овој УФЦ настан се бореше и Хамзат Чимаев кој со судиска одлука го победи Жилберт Брнс. За Чимаев кој полека се пробива кон врвот ова беше досега убедливо најтешката борба во УФЦ кариерата.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ