Макс Верстапен и Ред Бул минатата сезона ја прекинаа доминацијата на Мерцедес, и во драматична завршница, во последниот круг на трката во Абу Даби стигнаа до шампионската титула во Формула 1.
Двете страни се задоволни од соработката па одлучиле да продолжат заедно и во иднина.
Голем број на извори пренесуваат дека Макс Верстапен ставил потпис на најбогатиот договор во историјата на Формула 1. Холанѓанецот ќе има плата од околу 40 милиони фунти (околу 48 милиони евра) по сезона, исто колку што заработува и Луис Хамилтон, но соработката ќе биде на четири или пет години и договорот може да тежи и до 200 милиони фунти.
Се очекува до крајот на неделата да пристигне официјална потврда за новата соработка помеѓу Ред Бул и Макс Верстапен.






