четврток, 25 декември 2025

Валиева со солзи во очите го заврши денешниот настап на Зимските олимписки игри (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Валиева првиот блесок на Зимските олимписки игри го имаше во тимскиот настап за Русија, но брзо потоа стигна веста дека била позитивна на допинг во декември.
 
Судот за спортска арбитража во Лозана ѝ дозволи да го продолжи настапот на игрите, но Меѓународниот олимписки комитет рече дека нема да прават церемонија на доделување на медали ако таа се најде меѓу најдобрите три.
 
Денеска 15-годишната Русинка повторно имаше маестрален настап и беше прва во кратката програма во поединечна конкуренција со 82,16 бодови.
 
Својот настап го заврши со солзи во очите покажувајќи дека силно ја погодува тоа што ѝ се случува во Пекинг.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=CTaB708hlIQ autoplay:0]
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ