Младата руска лизгачка, Камила Валиева го привлече вниманието со нејзините супериорни настапи но и допинг скандалот.
Судот за спортска арбитража ѝ дозволи да го продолжи настапот на Олимписките игри, а Меѓународниот олимписки комитет (МОК) соопшти дека нема да прави церемонија за медали доколку таа биде меѓу првите три.
МОК нема да има таков проблем за слободната програма бидејќи Валиева не освои медал.
Валиева беше прва по краткиот дел, но потфрли во слободниот дел во кои неколкупати падна и на крајот го освои четвртото место.
Притисокот кој се создаваше на нејзиниот грб во изминатите денови се чини дека беше преголем, па настапот го заврши незадоволна со солзи во очите.
Првото место го освои актуелната светска шампинка, Ана Шчербакова која по краткиот и слободниот дел освои вкупно 255,95 поени, втора беше Александра Трушова, со 251,73 поени исто така од Русија, а бронзата оди на градите на Јапонката, Каори Сакамото.






