Камила Валиева блесна на Олимписките игри во Пекинг кога ѝ помогна на својата репрезентација да го екипното злато. 15-годишната Русинка е прва која направи четирикратен скок, но потоа стигна информацијата дека била позитивна на допинг.
Меѓународната агенција за тестирање (ИТА) потврди дека Валиева била позитивна на допинг тест кон крајот на декември со Санкт Петербург за време на руското првенство во уметничко лизгање, но Руската антидопинг агенција ја укинала нејзината суспензија и овозможила нејзин настап во Пекинг.
Валиева била позитивна на триметадазин, лек против ангина и вртоглавица, кој може да го зголеми протокот на крвта и да ја подобри издржливоста, поради што се наоѓа на листата на забранети супстанци на Светската антидопинг агенција (ВАДА).
ИТА соопшти дека руската тинејџерска поднела жалба до Судот за спортска арбитража и тој треба да го има последниот збор.
„Валиева поднесе жалба на привремената суспензија од 9 февруари. Руската анти допинг агенција (РУСАДА), реши да ја укине суспензијата и да и дозволи да се натпреварува. Причината за оваа одлука ќе биде соопштена во најкус можен рок“, се вели во соопштението на Меѓународната агенција за тестирање.
Следниот нејзин настап на Зимските олимписки игри е на 15 февруари.
Дали русинките ќе ги добијат златните медали од екипното натпреварување и дали Валиева ќе ги добие евентуалните нови медали ако ги освои во следните настапи ќе се знае по одлуката на Судот за спортска арбитража.






