понеделник, 22 декември 2025

Уште една одлична битка помеѓу Верстапен и Леклер, Макс триумфираше во Џеда!

Објавено на

часот

Сподели

Отварањето на новата сезона во Формула 1 донесе интересна битка помеѓу Макс Верстапен и Шар Леклер, двајцата возачи вечерва продолжија онаму каде што застанаа пред седум дена. 

Првата третина од трката во Џеда беше прилично мирна, сударот на Латифи ги промени работите на врвот, Серхио Перез падна на четвртото место, зад Саинц, Верстапен и новиот лидер Леклер. 

Леклер и Верстапен брзо се одвоија од другите, и во финишот влегоа во нов возбудлив дуел, позициите се менуваа неколку пати, за на пет круга пред крајот, актуелниот шампион одлично да го темпира својот напад и да избие на чело. 

Возачот на Ферари не се предаде, притискаше силно до самиот крај, но не успеа да изгради позиција за напад, малку му одмогнаа и жолтите знамиња во првиот сектор. 

Последното место на пиедесталот му припадна на Карлос Саинц, кој е под истрага пради тоа што возел пребрзо под жолти знамиња. 

Потоа следуваа Серхио Перез, Џорџ Расел, Естебан Окон, Ландо Норис, Пјер Гасли, Кевин Магнусен и последниот бод му припадна на Луис Хамилтон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ