петок, 13 февруари 2026

Трипл-дабл за Јокиќ и Дончиќ, победи на Денвер и Далас (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

По неизвесното прво полувреме, Денвер се одлепи во третата четвртина која ја доби со 31-16 и на крајот славеше убедлива победа против Бруклин од 124-104.
 
Никола Јокиќ беше најдобар на теренот со 27 поени, 12 скокови и 10 асистенции. Во тимот на Бруклин, Ирвинг реализираше 27 поени.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=z5nH5b-mwVE autoplay:0]
 
Лука Дончиќ не беше најдобар поентер во победата на Далас над Атланта од 103-94, но беше најдобар на теренот со трипл-дабл учинок.
 
Словенецот постигна 18 поени, имаше 11 асистенции и 10 скокови. Поефикасни од него во Далас беа Брансон и Булок кои постигнаа по 22 поени. Кај Атланта најдобар беше Колинс со 22 поени и 18 скокови.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=oilr8gh_A5o autoplay:0]
 
Резултати:
 
Чикаго – Филаделфија 108:119
Денвер – Бруклин 124:104
Минесота – Детроит 118:105
Кливленд – Индијана 98:85
Далас – Атланта 103:94
Орландо – Бостон 83:116
Хјустон – Њу Орлеанс 107:120
ЛА Клиперс – Милвоки 113:137
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ