Легендарниот Тајсон Фјури со стил се одјави од рингот. Во спектакуларна атмосфера на Вембли, пред речиси 100.000 навивачи го победи Дилиен Вајт и го одбрани ВБЦ појасот.
Тајсон уште од самиот почеток беше подобар од Вајт и беше само прашање на време кога ќе заврши борбата во негова полза. Тоа се случи во текот на 6. рунда кога со аперкат го нокаутираше противникот.
Фјури најави дека ова е негов последен меч во кариерата. Без пораз заминува во пензија. А дали ќе си го одржи зборот, останува да видиме.






