15-годишната русинка, Камила Валиева може да го продолжи настапот на Зимските олимписки игри во Пекинг, така одлучи Судот за спортска арбитража.
Во својата одлука Судот објаснува дека Валиева како малолетничка требала да биде зашитено лице во јавноста, не требало да се открива нејзиниот идентитет бидејќи тоа е спротивно на правилата на Светската антидопинг агенција (ВАДА).
Влијание на одлуката имало и доцното известување за резултатите од допинг тестот на кој Валиева била позитивна.
Валиева била позитивна на 25 декември минатата година за време на руското национално првенство. Таа била позитивна на триметазин, лек кој се користи за лекување на ангина.
Руската антидопинг агенција ги поништи резултатите од тестот за кој се дозна за време на Зимските олимписки игри по што Меѓународниот олимписки комитет и ВАДА поднесоа жалба. Но Судот за спортска арбитража реши во полза на Русинката.






