понеделник, 8 декември 2025

Сомнителен е тестот на Ѓоковиќ, скенираниот код еднаш покажува позитивен, еднаш негативен (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ и понатаму е во фокусот на светската јавност, Србинот неколку дена беше во притвор во имиграциски хотел во Мелбурн, но излезе на слобода откако судот му ја прифати жалбата.

И додека се чека одлуката на австралискиот министер за имиграција, под лупа е ставена документацијата со која Новак Ѓоковиќ доби виза. Утрово се говореше дека тој лажел на апликацијата, а сега се пишува дека е сомнителен и позитивниот тест на ковид-19 со кој тој побара медицинско изземање.

Новинарот Бен Ротенберг фрли сомнеж врз валидноста на ПЦР-тестот, вели дека кога првиот пат го скенирал баркодот, добил дека Србинот е негативен. Кога повторно го скенирал, добил дека тенисерот е позитивен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ