среда, 24 декември 2025

Скопјанецот Козлов, падна на терен во грч, а потоа го победи Димитров (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Мечот траеше речиси 3 часа и 20 минути. Козлов го доби првиот сет во тајбрек со 10-8, а потоа Димитров изедначи откако го доби вториот сет со 7-5.
 
Во третиот решавачки сет победи Козлов со 6-3 и дојде до победата од 2-1.
 
Во еден момент од мечот Козлов не можеше да издржи, во грч падна на теренот, но по укажаната лекарска помош се врати во полна форма.
 
Стефан Козлов е 24-годишен теренисер, кој е роден во Скопје. Неговите родители се Руси, татко му е тениски тренер. Тие живеа во Америка, а тој настапува како американски тенисер. Во моментов е на 130. место на АТП листата.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ