Светскиот параолимписки комитет (СПК) најпрво одлучил спортистите од овие земји да учествуваат како неутрални, но тоа наишло на големо противење од останатите.
Претседателот на СПК, Ендру Парсонс вели дека иако тој се залага за разграничување на спортот од политиката, морале да ги исфрлат руските и белоруските спортисти поради притисокот од владите на останатите земји.
„Ние веруваме дека спортот и политиката не треба да се мешаат“, вели Парсонс.
„Но војната ги зафати и овие игри, зад сцената многу влади имаа влијание врз овој настан. Ситуацијата во Олимпиското село ескалираше и стана неподнослива“.
71 натпреварувач од Русија и 12 од Белорусија биле пријавени за игрите, но тие ќе треба да си заминат дома.






