Меѓународната гимнастичка федерација (ФИГ) објави дека отворила дисциплинска постапка против Куљак поради „шокантно однесување“ на Светското првенство во Доха.
Иван го освои третото место на Светскиот куп, а на тоа натпреварување можеше да учествува само доколку се согласи да не настапува под руското знаме и на него да ги нема ознаките на неговата земја.
Откако ја освои бронзата во финалето во разбој, Куљак ја истакна буквата З на градите и застана до Украинецот Илја Ковтун, кој го освои златото.
Буквата З стана симбол на руската инвазија во Украина и е нацртана на тенковите и воените возила, а ја носат и политичарите во Русија што ја поддржуваат војната.
И покрај тоа што некои критичари тврдеа дека е веројатно дека младиот гимнастичар можеби бил принуден да го носи симболот, главниот тренер на руската репрезентација за гимнастика го негираше тоа.
„Тој не се консултираше со нас. Дефинитивно тоа беше негова лична иницијатива. Нашите момци се патриоти на Русија“, изјави Валентина Родиоенко.
ФИГ во петокот ги суспендираше сите натпреварувачи и официјални лица од Русија и Белорусија, а суспензијата почнува денеска.






