Светската одбојкарска федерација (ФИВБ) денеска извести дека на Русија и се одзема СП во одбојка.
„По руската воена инвазија на Украина, ФИВБ е загрижена за развојот на ситуацијата и безбедноста на лушето во Украина. Бордот на ФИВБ дојде до заклучок дека поради војната во Украина е невозможно да се подготви и да се одржи Светско првенство во Русија. Одлучено е Светското првенство да ѝ се одземе на Русија“, стои во соопштението на Светската одбојкарска федерација.
Претходно на Русија ѝ беа одземени и други големи настани како што се финалето од Лигата на шампионите во фудбал и трката за Големата награда на Русија во Формула 1.






