понеделник, 8 декември 2025

Ролан Гарос го сака Ѓоковиќ

Објавено на

часот

Сподели

Ова прво го изјави министерката за спорт Роксана Марасинеану, а денеска нејзините зборови ги потврди и претседателот на Националната тениска асоцијација Жил Моретон.

„Нашиот тим во соработка со надлежните институции работи на креирање посебни правила околу доаѓањето и појавувањето на невакцинирани играчи на нашето натпреварување“, изјави тој за француските медиуми.

Моретон изрази жалење што Ѓоковиќ, победник на Ролан Гарос во 2016 и 2021 година, е спречен да се бори за десеттата титула на Австралија опен.

„Новак е огромен шампион и можеме само да замислиме колку е разочаран што нема да може да ја одбрани титулата на Австралија опен. Сочувствуваме и со организаторите на натпреварот“, изјави Моретон.

Ролан Гарос оваа сезона ќе се игра од 16 мај до 5 јуни, а титулата би требало да ја брани српскиот ас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ