четврток, 25 декември 2025

Ремс го освоија Супербоулот со тачдаун во последните моменти од мечот (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Тоа беше меч со пресврти во кој на крајот се радуваше Лос Анџелес Ремс кој беше и фаворит на овој дуел.
 
Натпреварот започна со тачдаун на Ремс кој поведоа со 7-0, пред крајот на првата четвртина Мекферсон со филдгол успеа да намали на 7-3.
 
На самиот почеток од втората четвртина Ремс го зголемија водството откако Куп направи тачдаун, но не го реализираа дополнителниот поен, беше 13-3.
 
Потоа следуваше серија на Синсинати, Хигинс направи тачдаун, на одморот се замина со 13-10 за Ремс.
 
На полувремето имаше моќно, спектакуларно хип-хоп шоу на кое настапија ѕвезди како Снуп Дог, Еминем, Др. Дре, Мери Џ, Блиџ и Кендрик Ламар.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=gdsUKphmB3Y autoplay:0]
 
Во третата четвртина веднаш се случи тачдаун за Синсинати со кои го свртеа реазултатот, поведоа со 17-13, а брзо потоа реализираа и филдгол за 20-13.
 
Ремс пред крајот на третиот период погодија филдгол и во последниот период се влезе со водство на Синсинати од 20-16.
 
На помалку од минута и пол до крајот на мечот, Куп реализираше тачдаун по едно одлично додавање од квотербекот Стафорд кој имаше одличен меч. Ремс поведе со 23-20 и тоа беше конечниот резултат на мечот.
 
За МВП на Супербоулот беше прогласен фаќачот Купер Куп кој претрча 92 јарди и направи два тачдауни.
 
[video:https://www.youtube.com/watch?v=4x4MND-Rhrc autoplay:0]
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ