недела, 21 декември 2025

Рафаел Надал спаси четири меч топки и се пласира во четвртфиналето во Мадрид

Објавено на

часот

Сподели

Мечот траеше повеќе од три часа, а Рафаел Надал успеа да спаси четири меч топки и да го победи Гофан.
 
Првиот сет Надал го доби со 6-3, во вториот белгискиот тенисер беше подобар со 7-5. а во третиот решавачки се играше тајбрејк кој му припадна на Шпанецот со 7-6 (11-9).
 
Надал во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Нори и Алкараз.
 
Познати се останатите три четвртфинални парови, Ѓоковиќ – Хуркач, Рубљов – Циципас и Оже Алиасим – Зверев.
 
Доколку Ѓоковиќ и Надал ги добија своите противници во четвртфиналето, ќе имаат меѓусебна пресметка во полуфиналето.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ