Рускиот претседател Владимир Путин е суспендиран од почесната функција претседател на Светската џудо федерација поради инвазијата на Украина.
„Поради воениот конфликт во Украина, Светската џудо федерација објавува суспензија на статусот на г-дин Владимир Путин како почесен претседател и амбасадор на Светската џудо федерација (СЏФ)“, стои во соопштението на СЏФ.
Путин од својата 11 година се занимава со боречки вештини. Има титула мајстор на спортот во вештините џудо и самбо.






