понеделник, 8 декември 2025

Почнуваат Зимските олимписки игри во Пекинг, Македонија има тројца натпреварувачи

Објавено на

часот

Сподели

На 24. Зимски олимписки игри ќе учествуваат речиси 3.000 спортисти од повеќе од 90 земји и ќе се натпреваруваат во 109 дициплини. Пекинг е првиот град во светот кој организирал Летни и Зимски олимписки игри.
 
Македонија во Пекинг ќе ја претставуваат тројца спортисти. Дардан Дехари кој ќе го носи знамето на свеченото отворање ќе настапи во слалом/велеслалом на 13 и 16 февруари, Ставре Јада кој ќе настапи во дициплината спринт слободно 1,5км на 8 февруари и 50км слободно на 19 февруари, Ана Цветановска ќе настапи на 7,5км слободно + 7,5км скијатлон на 5 февруари и 10км класично на 10 февруари.
 
За две земји ова ќе биде дебитантско учество на Зимски олимписки игри, тоа се Хаити и Саудиска Арабија кои имаат претставници во алпско скијање.
 
Најбројната делегација ја има САД, тие имаат 224 спортисти, потоа е Канада со 215, Русија има 212, следува домаќинот Кина со 174, па Швајцарија со 167.
 
Завесата на Зимските олимписки игри ќе биде спуштена на 20 февруари. 
 
Настаните од ЗОИ ќе можете да ги следите на Македонската радио телевизија која ги има откупено правата за овој голем настан.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ