сабота, 20 декември 2025

По Надал, Алкараз го елиминираше и Ѓоковиќ за пласман во финалето на турнирот во Мадрид

Објавено на

часот

Сподели

Алкараз и Ѓоковиќ одиграа брилијантен меч, неизвесен во сите три сета, а на крајот победи младиот шпански тенисер кој синоќа го елиминираше и Надал.
 
Мечот траеше 3 часа и 38 минути, два од трите сета се играа во тајбрејк. 
 
Првиот сет го доби Ѓоковиќ со 7-6 (7-5), во вториот Алкараз победи со 7-5. А во третиот решавачки се играше вториот тајбрејк кој му припадна на Шпанецот со 7-6 (7-5).
 
Во финалето Алкараз ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Циципас и Зверев.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ