понеделник, 22 декември 2025

Перез ја укрaдe пол-позцијата во Џеда пред двоецот на Ферари за прва радост

Објавено на

часот

Сподели

Серхио Перез се радува на прва пол-позиција во својата кариера, Мексиканецот вечерва изненади во Џеда и стигна до победа во квалификациите.

Квалификациите почнаа со разочарување за Луис Хамилтон, кој испадна уште во првата сесија. Потоа следуваше голема пауза поради страшниот судар на Мик Шумахер.

Кога возбудвањата продолжија, се чинеше дека двоецот на Ферари ќе се бори за старт од првото место, Карлос Саинц прв зададе удар со време од 1:28.402, но во следниот брз круг, Шарл Леклар постави време од 1:28.225.

Сепак, последниот збор го имаше Серхио Перез кој забележа време од 1:28.200 за славје.

Потоа следуваа Макс Верстапен, Естебан Окон, Џорџ Расел, Фернандо Алонсо, Валтери Ботас, Пјер Гасли и Кевин Магнусен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ