36-годишниот руски хокеар, Овечкин е една од најголемите ѕвезди во НХЛ, но тој е познат и по тоа што е голем поддржувач на политиката на Владимир Путин.
Во 2017 година Овечкин жестоко го поддржуваше Путин, тој почна движење на социјалните мрежи по името „Путинов тим“. Тогаш напиша: „Никогаш не сум го криел својот став кон претседателот, секогаш отворено сум го поддржувал“.
Но, почетокот на војната од страна на Владимир Путин ја помина границата на поддршка кај Овечкин, тој јавно побара да прекине војната.
„Ве молам да нема војна. Не е важно кој војува, Русија, Украина, разни други земји, мораме да живееме во мир“, вели сега Овечкин.
Овечкин беше запрашан дали ја поддржува руската инвазија на Украина.
„Тоа не е нешто што можам да го контролирам. Тоа не е во мои раце. Се надевам дека се ќе биде готово наскоро и дека во двете земји ќе се врати мирот. Ова е тешка ситуација за мене. Имам многу пријатели и во Украина и во Русија. Фамилијата ми е во Москва“.






