Таа исто како и Лазарески, паднала на допинг тест на неколку дена пред почетокот на Олимпијадата.
Италијанските медиуми пишуваат дека кај Паслер бил откриен Летрозол, лек кој се користи за намалување на нивото на естроген и најчесто се користи во терапија за рак на дојката, но во спортот се наоѓа на листата забранети супстанци.
„Сојузот веќе отвори истрага по повод на овој случај. Секогаш стоиме со нашите спортисти, а приоритет ни е да се расветли случајот и сите околуности за да се спречи ширењето на нетоични информации кои би можеле да наштета на кариерата и угледот на Ребека“, стои во соопштението.






