понеделник, 8 декември 2025

Надал во битка од пет сета го победи Шаповалов за полуфинале на Австралија опен

Објавено на

часот

Сподели

Надал одлично го почна мечот и првите два сета ги доби со 6-3 и 6-4, но потоа работите не се движеа со ист тек.
 
Шаповалов го крена нивото, го намали бројот на неизнудени грешки и заигра многу подобро. Следните два сета му припаднаа нему со 6-4 и 6-3.
 
Во меѓувреме Надал се жалеше на болки во стомакот, имаше медицински тајм-аут, по што во петтиот сет се врати во комплетна форма и го финишираше мечот во своја полза.
 
Решавачкиот сет го доби со 6-3 и дојде до триумф од 3-2 и пласман во полуфинале.
 
Во полуфиналето на Рафа Надал ќе игра со победникот од дуелот меѓу Монфис и Беретини.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ