понеделник, 8 декември 2025

Надал го освои Австралија опен, 21 грен слем титула за Шпанецот

Објавено на

часот

Сподели

Рафаел Надал изби на првата позиција на вечната листа кога се во прашање освоените грен слем титули, Шпанецот со неверојатен пресврт дојде до триумф против Медведев.
 
Медведев тргина во голем стил, првиот сет го доби со 6-2, во вториот Надал беше подобар, но Русинот се уште играше на високо ниво, го доби сетот во табрејк со 7-5 и поведе со 2-0 во сетови.
 
Како одминуваше третиот сет, Надал играше се подобро, а Медведев паѓаше, Шпанецот зема еден брејк и го доби сетот со 6-4, се врати во игра.
 
Во четвртиот сет Надал продолжи да доминира, изгледаше многу посвежо од Медведев иако е десет години постар, Шпанецот го доби сетот со 6-4 и изедначи на 2-2.
 
Во последниот решавачки сет, Надал зема брејк при третиот сервис на Медведев, но кога при 5-4 сервираше за меч, Русинот се врати, направи брејк и изедначи на 5-5. Сепак Надал одма го врати брејкот, а при следниот свој сервис не погреши, го доби сетот со 7-5 и на крајот се радуваше на голема победа од 3-2.
 
Рафаел Надал заслужено се радуваше на 21. грен слем титула со која изби пред Федерер и Ѓоковиќ кои засега остануваат со 20.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ