сабота, 14 февруари 2026

Можеби последниот меч за големиот Дел Потро, емоциите беа огромни, не можеше да престане да плаче (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Дел Потро пред својата публика во Буенос Аирес се збогува со тенисот. Тој загуби од Делбонис со 6-1 и 6-3, а потоа не можеше да ги сокрие емоциите, плачеше долго време.
 
Тоа беше прв меч за Дел Потро уште од март 2019 година. Сега се врати да го одигра турнирот во Аргентина кој можеби му е и последен.
 
Аргентинецот е фантастичен тенисер кој немаше среќа со повредите кои беа многу чести низ неговата кариера и не му дозволија да го покаже сиот свој сјај во континуитет.
 
„Тешко е да се објасни како се чувствував на теренот“, рече Дел Потро.
 
„Атмосферата беше луда, луѓето беа луди, тоа беше еден од најдобрите мечеви во кариерата кога е публиката во прашање“.
 
По крајот на мечот лентата која вообичаено ја носи на раката ја остави на мрежата, тоа симболизираше крај на неговата кариера. Но фановите се надеваат дека ќе игра уште.
 
„Не знам што ќе се случува, чувствувам голема болка во колената. Сепак ќе се потрудам тоа да го санирам, ако успеам можеби ќе одиграм уште нешто. Морам да се погрижам за коленото поради својот секојдневен живот. Ако вечерва ми беше последен меч, заминувам среќен“.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ