Иако Ѓоковиќ беше голем фаворит, со нетрпение се чекаше мечот со Мареј, тој требаше да им биде прв дуел по пет години.
Но, Мареј денеска го предаде мечот, а директорот на турнирот во Мадрид, Фелисијано Лопез ја откри причината.
„Вчера добив порака од Енди дека не се чувствува добро. Станува збор за труење со храна. Утрово беше подобар, но не доволно добар за да го игра мечот“, изјави Лопез.






