понеделник, 8 декември 2025

Мареј: Ова не е добро за турнирот, а и не ми се допаѓа тоа што Ѓоковиќ го држеа во притвор

Објавено на

часот

Сподели

„Ова не е добро за турнирот, бидејќи е подобро кога учествуваат сите најдобри играчи. Очигледно ќе има многу прашања за тоа што се случи овде и каква беше ситуацијата“, изјави Мареј за Би-би-си.

Тричлениот совет на Федералниот суд денеска едногласно ја одби жалбата на Ѓоковиќ за укинувањето на визата, па тој ќе биде депортиран од Австралија и нема да ја брани титулата на Австралија опен во Мелбурн.

„Новак го познавам откако бевме 12-годишници, го почитувам, играв против него. Не ми се допаѓа што е во ваква ситуација и што беше во притвор. Оваа ситуација не беше добра за никого. Се чини дека тука сѐ се случи во последен момент и затоа настана таква конфузија“, изјави Мареј.

„Се надевам дека тоа нема да се случи на другите настани и дека оваа ситуација нема да се повтори. Не би го посакувал тоа за Новак, не би го посакувал тоа за тенисот и се надевам дека сега е завршени“, додаде британскиот тенисер.

В понеделник во Мелбурн почнува натпреварувањето за првиот грен слем турнир во сезоната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ