Противникот беше толку лесен што Македонија овој меч го играше без најдобрата тенисерка Лина Ѓорческа.
Во првиот меч Александра Симева со 2-0 (6-1 и 6-1) за 50 минути ја совлада Улвија Сулејманова и донесе водство на Македонија од 1-0.
Вториот меч го доби Магдалена Стоилковска која без загубен гејм со 6-0 и 6-0 беше подобра од Лала Еивазова.
Гејм не загубивме ниту во дуелот во двојки, младите Ива Данева и Ана Митевска со 6-0 и 6-0 ги совладаа Лила Еивазова и Улвија Сулејманова. Мечот траеше само 31 минута.
Утре во третото коло Македонија ќе игра против првиот носител во нашата група, селекцијата на Финска.