Останува во игра за местото број еден на ВТА-листата: Марија Шарапова
Квитова со 6-4, 6-4 по сетови беше подобра од италијанската тенисерка Сара Ерани, додека Шарапова ја прекина победничката низа на сонародничката Екатерина Макарова (6-2, 6-3), која во осминафиналето сензационално ја елиминира Американката Серена Вилијамс. Пласманот меѓу четирите најдобри на чешката и на руската тенисерка значи и продолжување на неизвесноста околу тоа која ќе биде наследничката на Данката Каролин Вознијацки на лидерската позиција на ВТА-листата.
Покрај Шарапова и Квитова, во кое убавата Русинка ќе се обиде да се реваншира за поразот во ланското финале на Вимблдон, шанси да биде тенисерка број еден има и Азаренка, која ќе има сериозна пречка на патот кон финалето. Ветеранката Клајстерс игра одлично годинава во Мелбурн покажувајќи дека нема лесно да се откаже од трофејот што го освои минатата година.