Актуелните шампиони на земјата, кои пред извесно време без пораз ја осигураа 21 титула во домашната лига, за 2022 година се носители на двојната круна, откако триумфираа и на неодамна одржаниот национален куп.
Второто место припадна на „Пелистер“, додека на турнирот учествуваа и Макпетрол Б, кои завршија на третото место. По нив се пласираа екипите на ГТЦ и на Империјал. Првиот тим на Макпетрол имаше 3.400 соборени дрвца, а играчите Јаглишиќ и Марковиќ беа предводници во победничкиот поход на екипата.
Откако заврши куп-натпреварувањето, претседателот на Кугларската федерација на Македонија, Предраг Николиќ ги додели пехари и наградите на турнирот, но и ги прогласи најдобрите тимови во националниот шампионат за сезоната 2021 / 2022 година. Победничкото признание во лигата го доби Макпетрол.






