понеделник, 8 декември 2025

Ѓоковиќ: За седум до десет дена ќе кажам сè за случувањата во Австралија

Објавено на

часот

Сподели

Тенискиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ сè уште не даде изјава за неговото непријатно искуство во Австралија каде по неколкудневна голгота беше депортиран назад во Србија.
 
Денеска тој беше примен од претседателот на Србија, Александар Вучиќ, но Новак и овој пат не сакаше да навлегува во детали за случувањата во Австралија. 
 
Сепак рече дена за седум до десет дена јавноста ќе ја слушне неговата верзија на настаните.
 
„Со оглед на тоа дена не се огласував во врска со случувањата во Австралија, ве замолувам за трпение, во наредните седум до десет дека ќе се обратам пред медиумите со сите детали од мојата верзија на приказната“, вели Ѓоковиќ.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ