понеделник, 8 декември 2025

Ѓоковиќ веројатно ќе се вакцинира, поради Надал

Објавено на

часот

Сподели

Новак Ѓоковиќ поради тоа што не беше вакциниран го пропушти Австралија опен. Тоа го искористи Рафаел Надал и ја освои својата 21. грен слем титула, со што изби пред Србинот и Роџер Федерер.
 
Фактот што не е вакциниран може да го спречи да настапува и на останатите турнири, а тоа ќе биде добредојдено за Рафаел Надал. 
 
Но Даниел Микш вели дека Новак Ѓоковиќ најверојатно ќе се вкцинира, а причината ја гледа токму во ривалството со Рафаел Надал. Српскиот тенисер не сака да дозволи шпанскиот ас да му се одлепи по бројот на освоени грен-слем титули.
 
„Тоа што го слушнав од луѓето блиски до Новак, мислам дека ќе се вакцинира. Можеби финалето во Мелбурн придонесе за тоа. Нема сомнеж дека 21. грен слем титула на Надал ќе го поттикне да размислува за вакцина“, вели Даниел Микш за „ТВ Сервус“.
 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ