среда, 24 декември 2025

Ѓоковиќ преку Качанов до четвртфиналето на турнирот во Дубаи

Објавено на

часот

Сподели

Ѓоковиќ не загуби сет, но играше и еден тајбрејк против рускиот тенисер Качанов. Првиот сет Србинот го доби со 6-3, добро го почна и вториот, рано зема брејк, но подоцна го загуби па се отиде во тајбрејк кој Ноле го доби со убедливи 7-2 и го доби мечот.
 
„Се чувствував возбудено, мотивирано, но во исто време и под притисок и стрес, тоа е дел од професионалниот спорт. Благодарам од се срце на публиката која навиваше и за мене и за Качанов подеднакво. Прекрасно е да се игра кога гледате голема страст на трибините. Ова ми недостасуваше, ова е мојот живот, ова е тоа што го правам последните 20 години и во кое уживам“, изјави Ѓоковиќ по мечот.
 
Ѓоковиќ во четвртфиналето ќе игра против чешкиот тенисер Јири Весели.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ